Достапни линкови

logo-print

Бериша и Груевски се заложија за почитување на малцинските права


Бериша и Груевски - архива

Бериша и Груевски - архива

Иднината на Македонија и на Албанија е во Европската унија, оценија денеска во Тирана премиерите на двете земји Никола Груевски и Сали Бериша.
Груевски и Бериша ги оценија билатералните односи како многу добри и се заложија за почитување на правата и слободите на малцинските заедници во двете земји и ја нагласија улогата на Албанците во Македонија и на Македонците во Албанија во зацврстувањето на врските меѓу двете земји.
Двајцата премиери разговарале и за економската соработка, за Коридорот 8 и за можностите за инфраструктурно поврзување.
Во Тирана денеска беа потпишани и два меѓувладини договора - за меѓусебно признавање на возачките дозволи и за отворање на граничниот премин Требиште - Џепчиште.
XS
SM
MD
LG