Достапни линкови

logo-print

Маркулис доаѓа во Скопје за можен пробив кон ЕУ во декември


Кипарската министерка за надворешни работи, Ерато Козаку-Маркулис

Кипарската министерка за надворешни работи, Ерато Козаку-Маркулис

Кипарската министерка за надворешни работи, Ерато Козаку-Маркулис чија земја претседава со Европската Унија, не сака да го прогнозира исходот од состанокот на Советот на ЕУ на 11 декември, на кој ќе се решава за препораката на Европската комисија за отворање пристапни преговори со Република Македонија и решавање на прашањето за името во нивната рана фаза.
Во интервјуто за магазинот „Граѓански, а пред нејзината посета на Скопје в понеделник министерката најавува дека на претстојните средби тема ќе бидат односите со Грција и прашањето за името.
„Знам дека позицијата на Грција беше изразена преку неодамнешниот предлог за потпишување Меморандум за разбирање меѓу двете земји, Во Скопје ќе имам можност да дискутирам за пристапот на вашата земја кон оваа иницијатива. Исто така, ќе имам можност да бидам информирана за официјалната позиција на вашата земја за предлогот на Комисијата, опишан во Стратегијата за проширување“, наведува Ерато Козаку-Маркулис
XS
SM
MD
LG