Достапни линкови

Датум за преговори ќе ги релаксира меѓуетничките односи


Граѓаните ја прославуваат препораката на ЕК за преговори со Македонија за членство во ЕУ.
Граѓаните ја прославуваат препораката на ЕК за преговори со Македонија за членство во ЕУ.

Евентулно отпочнување на преговорите со ЕУ би ги рекласирало меѓуетничките односи во земјата, велат аналитичарите. Но според нив, партиите без оглед на исходот од декемврискиот состанок нема да се откажат од меѓусебните провокации до локалните избори.

Во исчекување на декемврискиот состанок на министрите заради препораката на Европската комисија на Македонија да и се даде шанса за отпочнување на преговорите со назнака дека до решение на спорот за името треба да се дојде во некаква рана фаза, во земјава не престануваат да се загреваат меѓуетничките тензии режирани од партиските кујни. Дали декемврискиот состанок ќе ги пренасочи работите?
Затоа што сепак тоа значи едно ветување, една гаранција дека веќе се отвара патот за зачленување во Европската унија, што би значело и зачленување во НАТО.
Исмет Рамадани, аналитичар.


За експертите секако евентуално добивање датум би ги релаксирал меѓуетничките односи.

„Затоа што сепак тоа значи едно ветување, една гаранција дека веќе се отвара патот за зачленување во Европската унија, што би значело и зачленување во НАТО“, вели аналитичарот Исмет Рамадани.
Средба на вицепремиерот Теута Арифи и комесарот за проширување и соседска политика на ЕУ, Штефан Филе
Средба на вицепремиерот Теута Арифи и комесарот за проширување и соседска политика на ЕУ, Штефан Филе

Сепак останува загриженоста, вели Рамадани, што двата коалициони партнери во владата не прават ништо за приближување во поглед на се продлабочуваните јазови околу неколкуте отворени прашања. Доколку не добиеме датум за отпочнување преговори, според него, разврската ќе продолжи во рамките на политичките калкулации и ДУИ нема да ризикува да остане во владата пред претстојните локални избори туку ќе предизвика и парламентарни.
Секако ќе придонесе и во релаксирање на, ако може да се нарече, политичката тензија во државата и на меѓупартиско ниво и на меѓуетничко.
Бујар Османи, ДУИ.


Бујар Османи од ДУИ вели дека сега сите нивни напори се фокусирани на тоа да се добие датум за преговори и дека тие решението не го гледаат во предизвикување предвремени парламентарни избори.

„Секако ќе придонесе и во релаксирање на, ако може да се нарече, политичката тензија во државата и на меѓупартиско ниво и на меѓуетничко.“

Затоа европската агенда останува велат во ДУИ, а тоа зависи само од спорот за името чие решавање според него е во рацете на сите политичките претставници во земјата.

Сепак, длабоко убедување на аналитичарите дека партиите без оглед на исходот од декемврискиот состанок на советот на министрите нема да се откажат од меѓусебните провокации до локалните избори.

„Тоа е теренот на кој за жал политичките партии се уште добиваат поени и мислам дека ќе продолжи таа пракса“, вели политикологот Владимир Мисев.
XS
SM
MD
LG