Достапни линкови

Зголемена безбедност во Каиро поради протестите


Мухамед Морси

Мухамед Морси

Пред клучните институции во Каиро се распоредени сили за безбедност во очекување на протестот на опозицијата поради декретот на исламистичкиот претседател Мухамед Морси со кој тој си ги зголемува овластувањата.
Вчера во Каиро имаше и протести и анти протести на подржувачите на Морси. Прореформските активисти го обвинуваат Морси за диктаторско владеење и за напад врз идеалите од минатогодишното востание.
Во декретот на Морси е наведено дека сите одлуки, правилници, закони и уредби донесени од страна на претседателот се конечни и не може да бидат предмет на жалба.
XS
SM
MD
LG