Достапни линкови

Осуден убиецот на Хоџа, осомничен за заговор за атентат врз Глигоров во 1995


Киро Глигоров 1995

Киро Глигоров 1995

Албански суд го осуди во отсуство поранешниот шеф на раузнавањето Илир Кумбаро за убиство во 1995 година на приведено лице, осомничено за ковање заговор за убиство врз тогашниот македонски претседател Киро Глигоров при неговата посета на Албанија.
Кумбаро, кој се наоѓа во бегство, е осуден на 15 години затвор.
Жртвата, бизнисменот Ремзи Хоџа, Албанец од Макеоднија бил киднапиран од тајната полиција пред 17 години заедно со други двајца осомничени за планирање на убиство на тогашниот македонски претседател Глигоров.
Според судот, тројцата осомничени нелегално биле држени и измачувани за време на сослушувањето. Хоџа не бил пронајден и се претпоставува дека починал за време на притворот. Другите двајца осомничени биле ослободени, откако биле задржани цела недела. Против нив се покренати обвиненија за ковање заговор за убиство на Глигоров.
Кумбаро успеал да избега во 1996 година со фалсификувани документи во Велика Британија, тврдејќи дека е бегалец од Косово. Неговата локација е непозната веќе една година, откако не се појави на сослушувањето за екстрадиција во Лондон.
XS
SM
MD
LG