Достапни линкови

Спомен соба за Генерал Михаило Апостолски


Министерот за одбрана на Република Македонија, Фатмир Бесими заедно со претседателот на Сојузот на борците на НОАВМ, генералот во пензија Тодор Атанасовски ќе ја отворат спомен собата на генералот Михаило Апостолски, кој е во рамки на постојаната поставка на Воениот музеј во Скопје.
Отворањето на спомен собата е по повод 106 години од раѓањето на командантот на Главниот штаб на Народноослободителната војска и партизанските одреди на Македонија, како и придонесот на Република Македонија во антифашистичката борба.
Генералот Михаило Апостолски, првиот генерал во историјата на Република Македонија оставил посебен белег во своето творештво како командант на мултиетничките единици на НОВ и ПОМ, како народен херој, академик, кој ги интегрирал во своите лидерски способности сите искуства од воената стратегија и тактика и историските искуства од заедничко живеење и заедничка борба на различните етникуми низ вековите на просторот на Република Македонија.
XS
SM
MD
LG