Достапни линкови

logo-print

Калдерон: Мексико да си го смени името


Мексиканскиот претседател на заминување Фелипе Калдерон испрати закон во Конгресот за промена на името на земјата.

Предлогот е Соединетите Држави на Мексико да станат едноставно Мексико. Земјата го доби ова име по угледот на САД откако доби независнот од Шпанија во 1824 година. Соединетите Држави на Мексико ретко се користи, освен во официјални документи. Претседателот Фелипе Калдерон на 1 декември ќе му ја предаде функцијата на новоизбраниот претседател Енрике Пена Нието.
XS
SM
MD
LG