Достапни линкови

Продолжуваат разговорите за 7-годишниот буџет на ЕУ


Лидерите на ЕУ се очекува денеска да ги продолжат разговорите за седумгодишниот буџет на Унијата. Кратката почетна рунда разговори во Брисел заврши рано изутрината без никаков напредок.
Германската канцеларка Ангела Меркел изјави дека се сомнева оти ќе биде постигната спогодба овој викенд, додавајќи дека најверојатно ќе има потреба од натамошни преговори.
Францускиот претседател Франсоа Оланд истакна дека се неопходни тешки преговори за да се постигне договор за предвидениот буџет на ЕУ од 1 билион евра за периодот 2014-2020 година.
Велика Британија и некои други земји членки бараат кратења во буџетот кои ќе бидат соодветни на рестрикциите во националните буџети. Од друга страна, посиромашните земји, меѓу кои и Полска, се залагаат буџетот на ЕУ за 2014-та – 2020-та да остане на истото ниво или да биде зголемен. Франција, пак се противи на предложените рестрикции во врска со земјоделските субвенции, а источно-европските земји не се согласуваат со кратењата на фондовите за инфраструктура.
XS
SM
MD
LG