Достапни линкови

Протести и контра-протести во Египет


Во Египет синоќа се одржаа паралелни протести на поддржувачите и на противниците на претседателот Мухамед Морси, по неговиот декрет со кој си ги зголеми овластувањата.
Исламистите демонстрираа пред зградата на Врховниот суд, повикувајќи на расчистување на судството од луѓе кои имале врска со поранешниот претседател Хосни Мубарак. Прореформските активисти, пак, го обвинуваат Морси за диктаторско владеење и за напад врз идеалите од минатогодишното востание.
Мухамед Ел Барадеј, поранешниот шеф на агенцијата на ОН за нуклеарна енергија, изјави дека Морси се наименувал за нов фараон.
Инаку, во декретот на Морси е наведено дека сите одлуки, правилници, закони и уредби донесени од страна на претседателот се конечни и не може да бидат предмет на жалба. Морси веќе го отпушти главниот јавен обвинител и нареди повторно отворање на истрагите за убиствата на демонстрантите од страна на безбедносните сили за време на востанието минатата година.
XS
SM
MD
LG