Достапни линкови

Уапсен осомничен за бомбашкиот напад во Тел Авив


Израелските власти соопштија дека уапсиле човек осомничен за неодамнешното подметнување бомба во автобус во Тел Авив, кога беа повредени 27 лица. Според официјални лица, станува збор за етнички арап со израелско државјанство од градот Тајбех, кој има врски со милитантниот Хамас и со Исламскиот Џихад.
Во акцијата имало и други уапсени милитанти вмешани во овој бомбашки напад, кој се закани да ги уништи напорите за постигнување прекин на огнот, што подоцна стапи во сила и ги прекина борбите меѓу Израел и милитантите од Газа.
XS
SM
MD
LG