Достапни линкови

Египетскиот претседател си ја надгради и прошири моќта


Египетскиот претседател Мухамед Морси објави декрет со кој си додели огромни овластувања. Во него е наведено дека сите одлуки, правилници, закони и уредби донесени од страна на претседателот се конечни и не се предмет на жалба.
Морси веќе го отпушти главниот јавен обвинител и нареди повторно отварање на истрагите за убиствата на демонстрантите од страна на безбеносните сили за време на востанието минатата година.Лидерот на опозицијата Мохамед ел Барадеј го обвини Морси дека се однесува како да се прогласил себе си за нов египетски фараон.
XS
SM
MD
LG