Достапни линкови

Самарас бара забрзување на финансиската помош


Грчкиот премиер Андонис Самарас денеска изјави дека секој ден поминат без цврсто решение за следната финансиска транша и нанесува штетно влијае врз економијата, пазарот, психата и се рефлектира врз грчкиот народ. Тој пред средбата со претседателот на Европскиот совет Херман ван Ромпуј побара од министрите од еврозоната да во понеделник да донесат позитивна одлука за следната транша чија вредност изнесува од 31,5 милијарди евра.Министрите за финансии на додегашните две средби не успеаа да се договорат дали Грција треба да го добие пакетот поради разликите во однос на мерките за намалување на грчкиот долг.
XS
SM
MD
LG