Достапни линкови

logo-print

Италија може да го блокира донесувањето на буџетот на ЕУ


Италија е подготвена да го блокира донесувањето на буџетот на ЕУ доколку не и се дадат на располагање повеќе фондови. Ова го изјави италијанскиот премиер Марио Монти денеска пред почетокот на самитот во Брисел. Тој додаде дека за Италија е од есенцијално значење да добие подобри резултати од оние предвидени во предлог буџетот. Монти истакна дека Италија ќе има конструктивен пристап, но нема да прифати „неприфатливи решенија“. Во овие два дена лидерите на ЕУ расправаат за буџетот кој ќе се однесува на период од 2014 до 2020 година.
Британија и неколку други земји бараат кратења во буџетот додека посиромашните земји бараат буџетот да остане на исто ниво или да биде зголемен.
XS
SM
MD
LG