Достапни линкови

Казахстан затвара опозициски медиуми


Судот во Казахстан денеска донесе одлука со која се забранува печатење на првиот опозициски весник „Гласот на републиката“. Одлуката доаѓа на само еден ден откако обвинителството поднесе барање до властите за затварање на 40 медиуми и политички организации во земјата. Судот го обвини весникот дека го поддржал минатогодишниот протест на нафтените работници. На тие протести загинаа 17 луѓе при судири со полицијацата. Затварањето на опозициските медиуми и организации доаѓа откако лидерот на опозицијата Владимир Козлов е осуден на 7 годишна казна затвор за повикување на демонстранти за уривање на власта.
XS
SM
MD
LG