Достапни линкови

Преговорите за името - топ тема во весниците


Медијаторот на ОН во спорот за името меѓу Македонија и Грција Метју Нимиц, македонскиот преговарач Зоран Јолевски и грчкиот преговарач Адамантиос Василакис.
Медијаторот на ОН во спорот за името меѓу Македонија и Грција Метју Нимиц, македонскиот преговарач Зоран Јолевски и грчкиот преговарач Адамантиос Василакис.

Средбата на македонскиот и грчкиот преговарач, Зоран Јолевски и Адамантиос Василакис, со посредникот во спорот за името Метју Нимиц во Њујорк е главна тема во дневните весници.

Дали ќе биде според зборовите на американскиот амбасадор во земјава, Волерс, чија изјава ја објавија сите медиуми, кој рече дека декември ќе биде клучен за Македонија? Средбата на медијаторот Нимиц со македонскиот и со грчкиот преговарач во Њујорк помина и го одзеде сето внимание на медиумите.
Вратата за преговори се подотвори.
Утрински весник.

„Вратата за преговори се подотвори“ - како што насловува Утрински, но и забележува: „Во Грција молк по средбите на Нимиц“. Иако весникот ја смирува еуфоријата со оценката дека двете страни остануваат на познатите ставови и не се гледа простор за некакви суштински промени.
Ни Скопје ни Атина не ги дошепнуваат идеите на Нимиц.
Дневник.

„Ни Скопје ни Атина не ги дошепнуваат идеите на Нимиц“ - пишува Дневник, пренесувајќи го мислењето на свои дипломатски извори од земја членка на Унијата дека ако излезеле информации во јавноста тоа значело дека не може да се очекува напредок и дека „сите го очекуваат големиот момент“.
Али Ахмети.
Али Ахмети.

Вечер го пренесува Груевски од партиска трибина во Тетово: „Потребно е решение кое нема да го урне нашето минато“.
Ахмети повикува на доверба, а провоцира со симболите.
Нова Македонија.

Во меѓувреме, гафот на евроамбасадорот во земјава, Орав, бидна и помина... Утрински забележува дека во државниот врв видливо се спушта топката откако нè прекрсти во „Славомакедонци“, а Дневник пишува за загрижувачките пораки од Брисел: „Македонски помина славомакедонски се повампири“. Нова Македонија забележува дека Брисел повторно си игра со македонскиот идентитет под притисок на грчките претставници во Унијата.

И пак во меѓувреме, првиот човек на полицијата, Гордана Јанкулоска повторува дека „МВР не е надлежна за Законот за знамиња“ - ја цитира нејзината изјава Утрински. Истиот весник како наслов го вади кажаното на брифинг со новинари дека „ДУИ не провоцира, само празнува“. Но забележува дека и ДУИ заиграл на националистичка карта.

Нова Македонија луто насловува дека „Ахмети повикува на доверба, а провоцира со симболите“.

Новиот лустриран сдсмовец Ѓунер Исмаил за Ден изјавува дека Законот за лустрација е противуставен, а Нова Македонија ја пренесува изјавата на главниот лустратор, Томе Аџиев со која бара „Ѓунер да каже како неговите ученици завршиле в затвор“.

Утрински пишува дека во Собранието се води жестока расправа за новиот буџет, а Вечер го цитира Ставрески дека буџетот е креиран како противставување на кризата.

И пак во меѓувреме, а како за крај, Владата донесе одлука во Аеродром да се гради рајски парк со животни во кафези и патеки за рекреација, за да привлекувала повеќе туристи, информира Вечер.
  • 16x9 Image

    Горица Попова

    Родена е во Кочани, дипломирала во 1976 год. на Филозофскиот факултет во Скопје. Како новинар работи над 30 години. Почнала во Македонско радио- Радио Скопје во 1978 год. Од јуни 2009 год. е соработник на Радио Слободна Европа.

XS
SM
MD
LG