Достапни линкови

Меѓународна музичка конференција за Таксират 14


Бендот Калап.

Бендот Калап.

Од 23 до 25 ноември, во Домот на АРМ во Скопје, во организација на фестивалот „Таксират 14“, ќе се одржи Првата меѓународна музичка конференција, на која е најавено да учествуваат повеќе од 400 странски и домашни експерти кои ќе дебатираат за повеќе суштествени прашања од областа на современата музика. Сето тоа ќе биде надополнето со 40 концертни настапи на неколку одбрани и алтернативни локации во градот.

Како дел од проектот „Музика без граници“, проект финансиран од Европската унија и во партнерство со „Култур актив“ од Германија, „Генератор“ од Србија и „Мировна група младих“ од Хрватска, фестивалот „Таксират 14“, од 23 до 25 ноември, ќе ја организира Првата меѓународна музичка конференција на која е најавено дека ќе учествуваат над 400 странски и домашни експерти. Тие ќе дебатираат во рамките на 20-те панел дискусии кои е планирано да бидат реализирани во Домот на АРМ во Скопје.
Грег Палмер е човекот кој исто така доаѓа од Обединетото Кралство и е уредник на тамошниот музички магазин „Ај-кју“. Тој е еден од најинтересните учесници на ПИН-конференцијата затоа што успеа да си постави Гинисов рекорд посетувајќи 26 фестивали само за 30 дена и тоа во различни европски земји.

Лемон Бакет оркестра.

Лемон Бакет оркестра.

Ана Шутиновска, координаторот на оваа ПИН-конференција, истакнува дека станува збор за истакнати личности од музичката индустрија, НВО активисти, културни работници, музичари, менаџери, букинг-агенти, па се до организатори на фестивали, музички новинари, експерти и промотори. Таа дополнува дека како гости ги очекуваат Пружина Жип, една од највлијателните жени во музичката индустрија и програмски селектор на познатиот „Зигет фестивал“ од Унгарија, Рут Беренц – промотор и човек кој што работи на „Јуросоник фестивал“ од Холандија, Петар Јањатовиќ – еден од најпознатите новинари од просторот на поранешна Југославија и автор на „Ју-рок енциклопедија“, Ахмет Улук од Турција организатор на „Рок-ен-коук фестивал“ и блуз и џез фестивалот во Истанбул, а тука е и Ендрју Дабер - основач на Пан-европската организација за музика, култура, креативност и развој, академски истражувач на одделот за музичка култура во престижниот Бирмингем сити јуниверзити, автор, промотор и блогер.
Во рамките на ПИН-конференцијата ќе биде поставена и изложбата „Мултикултурализмот во музиката“, која што всушност претставува една патувачка изложба и која што започна токму минатата година на „Таксират“, потоа продолжи на „Ин мјузик фестивал“ во Хрватска, па на „Егзит“ во Србија и еве ја повторно овде кај нас во Македонија.

„Грег Палмер е човекот кој исто така доаѓа од Обединетото Кралство и е уредник на тамошниот музички магазин „Ај-кју“. Тој е еден од најинтересните учесници на ПИН-конференцијата затоа што успеа да си постави Гинисов рекорд посетувајќи 26 фестивали само за 30 дена и тоа во различни европски земји.“
Татарската претстава Последните Македонци.

Татарската претстава Последните Македонци.


Шутиновска дополнува дека од Република Македонија, како модератори или панел-дискутанти на оваа ПИН-конференција е планирано да се појават гитаристот Влатко Стефановски, Бобан Милошевски од „Авалон продукција“, Костадин Шурбановски од „Скопје џез фестивал“ и други, а официјалниот почеток ќе биде со прикажувањето „2012 - Последните Македонци“ на Драмски театар во режија на Сашо Миленковски.

Наедно во рамките на програмата публиката ќе има можност да проследи уште три театарски претстави, а во вечерните часови на неколку одбрани и алтернативни простори во градов, меѓу кои и кината „Вардар 1“ и „Вардар2“ кои по цели 15 години ќе бидат отворени за посетители, ќе се одвива интензивна музичка програма со главно млади бендови од земјава и од регионот. Планирани се да музицираат „Шутка рома рап“, Сашко Костов, „Бла, бла, бла“, „Калап“, Џака Накот, Бугарите „Уикеда“, Андреас Херц од Германија, „Лемон бакет оркестра“, Пакистанецот Ариеб Азхар, „Новиот почеток“ и други, а влезот за сите концерти ќе биде слободен.

„Во рамките на ПИН-конференцијата ќе биде поставена и изложбата „Мултикултурализмот во музиката“, која што всушност претставува една патувачка изложба и која што започна токму минатата година на „Таксират“, потоа продолжи на „Ин мјузик фестивал“ во Хрватска, па на „Егзит“ во Србија и еве ја повторно овде кај нас во Македонија“, вели Ана Шутиновска.

Инаку, од сите случувања е обезбеден онлајн-видео пренос, а организаторите „Пасворд продукција“ најавуваат дека ПИН-конференцијата ќе биде повеќе од убав вовед во она што потоа следува - Позитивниот концерт на кој „Суперхикс“ ќе го одбележат сопственото творечко полнолетство, перформансот на Французите „Новел ваг“ и конечно финалната вечер на „Таксират 14“ со артистот од Австрија - Паров Стелар, “Скиндред“, Че Судака, Тања Стивенс, нашиот Кирил Џајковски како главна ѕвезда на вечерта и повратниците, култната хип-хоп дружина „Чиста околина“ која по цели 11 години се враќа на македонската музичка сцена.
  • 16x9 Image

    Љупчо Јолевски

    Како новинар, водител и уредник Јолевски во новинарството е безмалку 4 децении. Кариерата ја почнал во Млад Борец на почетокот од 1980-тите. Потем долги години бил во Телевизија Скопје и во Македонското радио - Втора програма, како и во други медиуми. Во Радио Слободна Европа Јолевски е од самиот почеток на емитувањето на програмата на македонски јазик.

XS
SM
MD
LG