Достапни линкови

Делавекурас:Атина ќе ги разгледа предлозите на Нимиц


Портпаролот на грчкото Министерство за надворешни работи Григорис Делавекурас денеска на средба со новинари од странски новински агенции изјави дека Атина ќе ги разгледа предлозите на медијаторот Метју Нимиц и ќе одговори откако ќе ја заврши анализата. Дописникот на новинската агенција МИА јавува дека Делавекурас на прашањето дали Грција ќе ја блокира Македонија на декемврискиот самит на ЕУ, изјавил дека „Советот на министри на ЕУ постојано едногласно ја истакнува потребата да се реши прашањето за името на што Грција работи систематски“. Делавекурас негирал дека еврокомесарот Штефан Филе врши притисок врз Атина за Македонија да добие датум за преговори во декември.
XS
SM
MD
LG