Достапни линкови

СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ се скараа за Народна Банка


СДСМ денеска обвини дека Народната банка е инструмент во рацете на власта и го помага полнењето на буџетот со што и се овозможува на Владата и годинава да троши за непродуктивни намени. Потпретседателот Зоран Јовановски изјави дека гувернерот Димитар Богов ја ставил НБ во рацете на власта со потегот од април годинава, со кој се ограничува и намалува износот на благајнички записи што банките можат да ги купат, при што банките не го зголемиле кредитирањето, а се зголемиле цените.
Тој оцени дека потегот е преземен со цел да се помогне полнењето на буџетот затоа што кога гувернерот ја направил измената, банките поседуваа државни хартии од вредност во износ од 14,9 милијарди денари. На крајот од октомври, тој износ се зголемил на 24,2 милијарди денари со што 151 милиони евра на банките се пренасочија кон државниот буџет, изјави Јовановски.

Во писмената реакција на ВМРО ДПМНЕ е наведено дека СДСМ ја ставила НБ на списокот на непријатели и дека причина за тоа е што на опозицијата не им чини оти како што велат, Народната банка работи и делува независно. Во продолжение е наведено дека секој напад врз неа е удар врз макроекономската стбилност и дека целта на СДСМ е шпекилирање за девалвација.
XS
SM
MD
LG