Достапни линкови

Груевски утре во посета на Албанија


Премиерот Никола Груевски утре ќе отпатува за Тирана каде со албанскиот премиер Сали Бериша ќе потпише неколку билатерални договори за соработка. Како што јавуват албанските медиуми, посетата доаѓа во пресрет на одбележувањето на 100 годишнината од независноста на Албанија. Владиниот портпарол Александар Георгиев вчера изјави дека на средбата ќе бидат потпишани договори за отварање на нов заеднички граничен премин и признавање на возачките дозволи во случај на престој на граѓаните од една во друга држава.
XS
SM
MD
LG