Достапни линкови

Нападнати навивачи на Тотенхем во Рим


Навивачи на англискиот тим Тотенхем денеска биле нападнати во Рим при што еден е прободен со нож а седумнина се повредени и хоспитализирани, соопшти италијанската полиција. Во соопштението е наведено дека полицијата привела околу 50 хулигани по инцидентот. Полицијата претпоставува дека англиските навивачи биле нападните од фанови на Лацио кои користеле палки, камења и ножеви во тепачката. Инцидентот се случил пред денешниот натпревар во европската лига, Тотенхем против Лацио.
XS
SM
MD
LG