Достапни линкови

Пилај загрижена поради егзекуциите на затвореници во Авганистан


Комесарот за човекови права во Обединетите Нации Нави Пилај денеска изрази сериозна загриженост за егзекуцијата на 14-те осуденици на смртна казна во Авганистан. Таа изјави дека според меѓународните договори и обврски на кои потписник е Кабул, таквата казна може да се изврши само за најтешки кривични дела и само по најригорозно спроведен судски процес. Пилај истакна дека недостатоците во судската постапка отвараат сомнежи во врска со случаите. Вчера Амнести Интернешнл изрази сомнеж дали егзекуцијата била спроведена поради политички причини или спроведување на правда. Во изминативе два дена 14 затвореници се егзекутирани во Кабул.
XS
SM
MD
LG