Достапни линкови

Економски самит во Исламабад


Пакистанскиот претседател Асиф Али Зардари го отвори денеска економскиот самит во Исламабад каде што присутвуваат лидери на 8 исламски земји. Египетскиот претседател Мухамед Морси во последен момент го откажа учеството во самитот поради загриженост за спроведување на мировниот договор во Појасот Газа, за кој Египет беше медијатор. Главниот фокус на разговорите ќе биде трговската размена и соработка и најверојатно ситуацијата во Газа и Сирија. НА самитот учествуваат и лидерите на Иран, Индонезија, Турција, Нигерија, Малезија и Бангладеш.
XS
SM
MD
LG