Достапни линкови

Оли Рен: Грција треба да ја добие следната транша


Грција ги презема сите потребни мерки и чекори за да ја осигура следната транша од меѓународната помош и министрите од еврозоната треба да да ја одобрат до понеделник траншата. Ова денеска го изјави еврокомесарот за економија Оли Рен во Европскиот парламент.
Тој додаде дека не гледа причини зошто не треба да се одобри пакетот, и да се прстане со неизвесноста која ја држи назад и економскиот раст и довербата во институциите. Рен изрази надеж дека во понеделник министрите ќе покажат конструктивен дух и дека ќе биде надвор од нивните зацртани црвени линии.
Министрите од еврозоната во изминативе две недели се сретнаа двапати и не успееа да се договорат за следниот чекор за Грција која се пожали дека ќе банкнотира долколку не го добие пакетот помош.
XS
SM
MD
LG