Достапни линкови

Русија се противи Турција да добие ракети „Патриот“


Русија соопшти дека е против потенцијалниот развој на настаните во НАТО по барањето на Турција да се постави антиракетниот систем „Патриот“ во близина на границата со Сирија. Портпаролот на руското министертво за надворешни работи соопшти дека таквиот потег нема да донесе стабилност во регионот.
НАТО вчера соопшти дека Турција официјално поднела барање за поставување на антиракетниот систем како одбранбена мерка во случај на сириски напади.
Генералниот секретар на алијансата Андрес фог Расмусен изјави дека НАТО ќе го разгледа барањето без одложување.
XS
SM
MD
LG