Достапни линкови

Протести во Јордан против поскапувањето на горивата


Во неколку градови во Јордан продолжуваат протестите против одлуката на владата да ги укине субвенциите за гориво. Демонстрантите бараа и ослободување на сите уапсени за време на протестите во изминатата недела. Во првите денови од демонстрациите, околу 200 луѓе биле уапсени, 70 повредени, а едно лице загина. Со владината одлука за укинување на субвенциите за горивата, енергенсите во Јордан поскапеа за 33 насто.
XS
SM
MD
LG