Достапни линкови

logo-print

Засега мир меѓу Израел и Хамас


Примирјето меѓу Хамас во Појасот Газа и Израел стапи на сила и навидум засега се почитува. Вашингтон, Брисел и ОН го поздравија прекинот на огнот на кој се гледа како на успех на новата исламска влада на Египет.

Примирјето меѓу Израел и Хамас кој владее со Газа го најавија министерот за надворешни работи на Египет Мухамед Амр и американскиот државен секретар Хилари Клинтон синоќа. Се смета дека станува збор за клучен успех на новата исламска влада на Египет. Еве како тоа го оцени државниот секретар Хилари Клинтон:
Египетската нова влада ја прифати одговорноста и лидерството кое долго време ја прави оваа земја камен темелник на регионалната стабилност и мирот.

„Ова е критичен момент за регионот. Египетската нова влада ја прифати одговорноста и лидерството кое долго време ја прави оваа земја камен темелник на регионалната стабилност и мирот.“

Претходно, израелскиот Премиер Бенјамин Нетанјаху во разговор со американскиот претседател Барак Обама изјави дека е подготвен на примирје, додавајќи дека ако тоа не успее, може да се очекуваат понасилни реакции.

Веста за примирјето ја поздравија Генералниот секретар на Обединетите нации Бан Ки-мун и Европската унија. Бан Ки-мун побара од двете страни да го почитуваат договореното.

Израелскиот министер за одбрана Ехуд Барак изјави дека воените цели на Израел се исполнети.

Лидерот на Хамас Калед Мешал, пак, ветувајки дека примирјето ќе се почитува, изјави оти станува збор за тактички пораз на Израел.

Израел изврши над 1500 воздушни напади, додека од 14 ноември на израелска територија паднаа над илјада ракети.
  • 16x9 Image

    Зоран Ќука

    Во Слободна Европа во Прага е од нејзиното формирање на 1 Септември 2001 година. Кариерата ја започна во Македонското радио, па следат ТВ - А1 и ТВ Телма, со истовремена дописничка работа за Радио и ТВ Босна и Херцеговина, Загребското Независно 101 Радио, и Љубљанското Студент Радио.

XS
SM
MD
LG