Достапни линкови

Самит на ЕУ во Брисел посветен на буџетот


Лидерите на Европската Унија денеска во Брисел ќе расправаат за буџетот на унијата за наредната година. Велика Британија и некои други земји членки бараат кратења во буџетот кои ќе бидат соодветни на рестрикциите во националните буџети. Од друга страна, посиромашните земји, меѓу кои и Полска, се залагаат буџетот на ЕУ 2014-та – 2020-та да остане на истото ниво или да биде зголемен. Франција, пак се противи на предложените рестрикции во врска со земјоделските субвенции, а источно-европските земји не се согласуваат со кратењата на фондовите за инфраструктура. Преговорите во Брисел за буџетот е предвидено да продолжат и утре.
XS
SM
MD
LG