Достапни линкови

Примирјето во Газа стапи во сила


Примирјето во Газа доаѓа во клучен момент за регионот изјави денеска американскиот државен секреатар Хилари Клинтон на пресконференција во Каиро.

Примирјењто меѓу Хамас во Појасот Газа и Израел стапи на сила ноќеска и навидум се почиотува

Примирјето го најавија синоќа америиканскиот државен секретар Хилари Клинтон и египетскиот министер за надворешни работи Мухамед Амр на прес конференција во Каиро. Тие соопштија дека е постигнат договор меѓу Хамас и Израел за прекин на огнот..

Ова е клучен момент за регионот. Новата египетска влада ја презема одговорноста и лидерство што ја прави оваа земја камен темелник на регионалната стабилност и мир

Клинтон го поздрави договорот за примирје во Појасот Газа и изјави дека го очекува спроведувањето на сеопфатниот договор за регионот. Таа изјави дека нема замена за праведен и траен мир. Клинтон смета дека прекинот на огнот доаѓа во клучно време за земјите од Блискиот Исток.

„ Ова е клучен момент за регионот. Новата египетска влада ја презема одговорноста и лидерство што ја прави оваа земја камен темелник на регионалната стабилност и мир.“

Клинтон додаде дека САД и Египет ќе продолжат да работат заедно за поддршка на следните чекори кои треба да се преземат за да се обезбеди безбедност за Израел и подобрување на условите за луѓето во Газа.

Претходно американскиот претседател Барак Обама во телефонски разговор со израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху побарал од него да го прифати договорот кој го понуди Египет за прекин на огнот.
  • 16x9 Image

    Зорана Гаџовска Спасовска

    Новинарската кариера ја започна во А1 телевизија. Работела на теми од образование, социјални проблеми, здравство и екологија. Родена е на 30.09.1983 година во Скопје. Од јуни 2009-та година работи како постојан дописник за Радио Слободна Европа од Скопје.

XS
SM
MD
LG