Достапни линкови

logo-print

Хамас и Израел се согласија за прекин на огнот


Американскиот државен секретар Хилари Клинтон и египетскиот министер за надворешни работи Мухамед Амр на пресконференција во Каиро соопштија дека е постигнат договор меѓу Хамас и Израел за прекин на огнот кој ќе старува вечерва.
Клинтон го поздрави договорот за примирје во Појасот Газа и изјави дека го очекува спроведувањето на сеопфатниот договор за регионот. Таа изјави дека нема замена за праведен и траен мир. Клинтон додаде дека САД и Египет ќе продолжат да работат заедно за поддршка на следните чекори кои треба да се преземат за да се обезбеди безбедност за Израел и подобрување на условите за луѓето во Газа.
При еднонеделниот конфликт во Газа загинаа 148 Палестинци и 5 Израелци
XS
SM
MD
LG