Достапни линкови

Брамерц разочаран од ослободителната пресуда за Готовина и Маркач


Netherlands -- Chief prosecutor Serge Brammertz at the International Criminal Tribunal for the former Yugoslavia (ICTY) in the Hague, 22Jul2011

Netherlands -- Chief prosecutor Serge Brammertz at the International Criminal Tribunal for the former Yugoslavia (ICTY) in the Hague, 22Jul2011

Главниот обвинител во Хашкиот трибунал Серж Брамерц со писмена реакција денеска истакна дека е разочаран од ослободителната пресуда која ја добија поранешните хрватски генерали Анте Готовина и Младен Маркач. Тие доставија жалба на претходните пресуди според кои Готовина требаше да одлежи 24 години затворска казна а Маркач 18 години, поради прогон и убиства на српско население во Книн во воената операција Бура. Тој додаде дека е свесен оти оние кои ги доживеале злосторставата кои беа поврзани со операцијата „Бура“ не се задоволни од исходот со кој нивната болка и патење останува непризнато. Во продолжение на соопштението е наведено дека сиот доказен материјал поврзан со операцијата „Бура“ ќе им биде достапен на српските судски органи за да може да се овозможи кривично гонење.
XS
SM
MD
LG