Достапни линкови

logo-print

Нетанјаху: Бомбашкиот напад во Тел Авив е терористички акт


Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху изјави дека бомбашкиот напад во Тел Авив е терористички акт. При експлозија на бомбата во автобусот во Тел Авив ранети се 17 Израелци. Полицијата соопшти дека бомбата била поставена во автобусот кој минувал во близина на министерството за одбрана. Ова е прва експлозија на бомба во Тел Авив од 2006-тата година. Белата Куќа го осуди нападот и повтори дека САД е непоколебливо посветен на израелската безбедност.
Американскиот државен секретар Хилари Клинтон и генералниот секретар на ОН Бан Ки Мун се сретнаа во Каиро со египетскиот претседател Мухамед Морси како дел од напорите за постигнување договор за прекин на огнот во Газа.Претходно Клинтон и Бан Ки Мун оддржа одвоени средби со палестинскиот претседател Махмуд Абас. Египет е еден од главните медијатори за постигнување примирје меѓу Хамас и Израел.
XS
SM
MD
LG