Достапни линкови

Иран испраќа воена помош за Хамас


Иранскиот генерал Мухамед али Џафари денеска изјави дека Техеран им помага на милитантите на Хамас да прoизведат ракети со голем дострел. Претседателот на Парламентот Али Лариџани изјави дека Техеран е горд што учествува во одбраната на Палестинците и Хамас. Тој додаде дека иранската помош е финасиска и воена. Иран досега не ја држеше во тајност поддршката за Хамас, но генерално не признал дека ги помага милитантите со воена помош. Израел го обвини Иран за снабдување на Хамас со проектили „Фајр 5 “ кои беа употребени во напдот на Тел Авив кој Хамас го изведе минатата недела.
XS
SM
MD
LG