Достапни линкови

Клинтон се сретна со Морси во Каиро


Американскиот државен секретар Хилари Клинтон во Каиро се сретна со египетскиот претседал Мухамед Морси дел од напорите за постигнување договор за прекин на огнот во Газа.Претходно Клинтон и генералниот секретар на Обединетите Нации Бан Ки Мун оддржа одвоени средби со палестинскиот претседател Махмуд Абас. Египет е еден од главните медијатори за постигнување примирје меѓу Хамас и Израел.Во еднонеделниот конфликт досега загинаа 136 Палестинци и 5 Изралеци. Во текот на денов Израел изврши над 100 ракетни напади врз Газа а Хамас погоди цели во јужниот дел на Израел со 4 ракети. Во меѓувреме при експлозија на автобус во Тел Авив најмалку 10 луѓе се ранети.
XS
SM
MD
LG