Достапни линкови

Иранскиот ајатолах пресече, Ахмадинџед нема да одговара


Иранскиот парламент ги повлече плановите за испрашување на претседателот Махмуд Ахмадинеџад за начинот на кој се справува со кризата која настана со девалвацијата на валутата. Одлуката беше соопштена откако врховниот верски лидер ајатолахот Али Каменеи изјави дека испрашувањето на Ахмадинеџад ќе биде во корист на непријателите на Иран. Каменеи го има конечниот збор кога станува збор за државните работи во Исламската република. Петицијата потпишана од 77 од 290 пратеници беше поднесена на почетокот на месецов и со неа се бараше Ахмадинеџад да објасни пред парламентот зошто владината политика неуспешно се справува со економската криза. Иранската валута во изминативе неколку месеци загуби најмалку две третини од нејзината вредноста како резултат лошата монетарна политика и западните санкции кон Иран поради контроверзната нуклеарна политика.
XS
SM
MD
LG