Достапни линкови

Македонија доби силни противници за ЕП во кошарка


Македонската кошаркарска репрезентација на ЕП во Литванија.

Македонската кошаркарска репрезентација на ЕП во Литванија.

На ЕП во кошарка следната година, националниот тим ќе се бори со Литванија, Црна Гора, Летонија, Босна и Херцеговина и со Србија.

Македонската кошаркарска репрезентација се најде во најсилната група на Европското првенство, кое што идната година (од 4-ти до 22-ри септември) ќе се одржи во Словенија. Според жребката, нашиот национален тим во Јесенице ќе се бори со Литванија, Црна Гора, Летонија, Босна и Херцеговина и со Србија, реномирани селекции, против кои иако како четвртопласирани на ланското Еуро во Литванија сме носители во групата, не можеме да се сметаме за фаворити во битката за влез меѓу 12-те најдобри. Но, според генералниот секретар на МКФ, Дејан Лекиќ, тоа не треба да не обесхрабрува, бидејќи немаше да имаме лесна задача и доколку добиевме некои други ривали, затоа што...
Слаби репрезентации нема. Тоа го покажа и минатото ЕП, го покажаа и квалификациите, каде една Србија во последен момент оствари пласман на ЕП. Што значи секој може да победи секого и тука нема никакви дилеми во која и да бевме група дека ќе беше тешко.


„Слаби репрезентации нема. Тоа го покажа и минатото ЕП, го покажаа и квалификациите, каде една Србија во последен момент оствари пласман на ЕП. Што значи секој може да победи секого и тука нема никакви дилеми во која и да бевме група дека ќе беше тешко. Мора да се одигра, мора да се пристапи максимално на секој натпревар и ние одиме да се обидеме да се пласираме во втората фаза. Тоа ќе биде една основна примарна цел“, изјави Лекиќ.
Македонската кошаркарска репрезентација на ЕП во Литванија.

Македонската кошаркарска репрезентација на ЕП во Литванија.


Слично размислува и тренерот на Фени Индустри, Емил Рајковиќ, за кого фаворити за првите три позиции во групата се Литванија, Србија и Црна Гора. Но, тоа не значи дека ние немаме шанси за пласман во првата половина од табелата. Напротив, Македонија има квалитет за таков успех, а дали ќе стигнеме до него, најмногу ќе зависи од тоа со каков состав ќе настапиме во Јесенице.
Ако репрезентацијата е комплетна, тука пред се мислам на Бо Мекејлеб и на Перо Антиќ, да се направат и напори дали ќе може и Владо Илиевски да настапува, ако тие кошаркари настапуваат, мислам дека ќе имаме шанси добро да се презентираме таму.

„Ако репрезентацијата е комплетна, тука пред се мислам на Бо Мекејлеб и на Перо Антиќ, да се направат и напори дали ќе може и Владо Илиевски да настапува, ако тие кошаркари настапуваат, мислам дека ќе имаме шанси добро да се презентираме таму. И мислам дека треба да дадеме една безрезервна поддршка на нашиот состав, да без некои големи притисоци ги оставиме да успеат да направат еден добар резултат“, рече Рајковиќ, според кого поддршката треба да му се даде пред се на новиот селектор, односно на наследникот на Марјан Лазовски.

Тој се уште не е познат, а јавноста неколку недели шпекулира не само со неговото име, туку и со тоа дали тој ќе биде домашен или стручњак од странство. Во овој момент, од Федерацијата не сакаат да ја разрешат таа дилема, но потврдуваат дека преговорите се во завршна фаза, а епилогот го најавуваат до крајот на месецов.

„Луѓето што им е доверена задачата да разговараат со потенцијални кандидати, разговараат со добри, со квалитетни тренери. Која ќе биде нивната конечна одлука што ќе биде ставена пред УО на усвојување ќе причекаме уште десетина дена, можеби и помалку“, додаде Лекиќ.
XS
SM
MD
LG