Достапни линкови

Јанкуловска:МВР не е надлежно за законот за знамињата


Министерката за внатрешни работи Гордана Јанкуловска вели дека МВР не е надлежна за прашањето за поставување на албански знамиња без при тоа да биде истакнато и македонското знаме и за промената на таблите во општините во Гостивар. Таа на новинарско прашање која институција е надлежна, одговори дека не може да ги знае надлежностите на сите институции и дека МВР е подготвено за соработка со која било институција доколку од нив се побара тоа.
Во врска со графитите испишани на влезот во Гостивар „ Добредојдовте во Албанија“, Јанкуловска изјави дека МВР презема мерки и дека и во минатото имало слични ситуации по кои биле поднесени пријави.
XS
SM
MD
LG