Достапни линкови

Николиќ го отповика амбасадорот во Скопје


Претседателот на Србија Томислав Николиќ го отповика од должност српскиот амбасадор во Македонија Томислав Ѓурин. Одлуката за отповикувањето на Ѓурин, како што јавуваат српските медиуми е објавена во „Службен весник“. Од амбасада потврдија дека Ѓурин заминува од функцијата, но не соопштија кои се причините зошто е отповикан, јавува новинската агенција МИА.
Томислав Ѓурин ја извршуваше амбасадорската должност во Република
Македонија од јануари 2010 година.
XS
SM
MD
LG