Достапни линкови

logo-print

Бан Ки Мун: Време е за дипломатија


Генералниот секретар на Обединетите Нации Бан Ки Мун и американскиот државен секретар Хилари Клинтон оддржа одвоени средби со палестинскиот претседател Махмуд Абас како дел од напорите за постигнување договор за прекин на огнот во Газа. Бан Ки Мун по средбата го повика Хамас да се врати во преговорите.

Тој изјави дека сега е време за дипмломатија и повика веднаш да престанат ракетните напади на палестинските милитанти кои целат кон изралески населени места. Тој додаде дека тоа е неприфатливо.

Портпаролот на Хамас Сами Абу Зухри во Газа изјави дека единствен начин да се сопрат ракетните напади е преку преговори. Тој додаде дека досега не е постигнат договор за прекин на огнот и додека тоа не се постигне, нема да престанат да одговараат на израелските напади кои целат кон цивили особено жени и деца.

Претходно Клинтон се сретна со Абас и денеска заедно со Бан Ки Мун ќе допатуваат во Египет.
XS
SM
MD
LG