Достапни линкови

logo-print

Медведев на средба со Азаров


Рускиот премиер Дмитри Медведев и неговиот украински колега Микола Азаров ќе се сретнат во Москва да разговараат за билатерaлни прашања меѓу кои и прашањето за снабдување со гас. Азаров денеска пред да отпатува за Москва на владина седница ќе го разгледува украинскиот став за енергетското прашање. Украина веќе две години се обидува да ги ревидира договорите за снабдување со гас од Русија. Во 2009-тата година Газпром и Нафтогас склучија десетгодишен договор, според кој Украина мора да плати голема казна доколку не увезе 33 милини кубни метри гас. Годинава Украина сака да увезе 26 милиони кубни метри руски гас.
XS
SM
MD
LG