Достапни линкови

Еврозоната без договор за Грција


Грчкиот министер за финансии Јанис Стурнарас и претседателот на еврогрупата, премиерот на Луксембург Жан Клод Јункер.

Грчкиот министер за финансии Јанис Стурнарас и претседателот на еврогрупата, премиерот на Луксембург Жан Клод Јункер.

Министрите за финансии на 17 земји од еврозоната не успеаја да постигнат договор да и дадат поголема финансиска помош на Грција. Со тоа се пролонгира несигурноста околу иднината на таа презадолжена земја, но и на еврото.

По дванаесетчасовни разговори во Брисел, министрите за финансии од еврозоната соопштија дека повторно ќе се состанат в понеделник за да ги испеглаат несогласувањата со Меѓународниот монетарен фонд околу тоа како Грција ќе треба да се справува со долгот во иднина.
Жан Клод Јункер

Жан Клод Јункер


Претседавачот на состанокот Жан Клод Јункер изјави дека министрите за финансии направиле извесен напредок во идентификувањето на иницијативите во врска со постојниот пакет финансиска помош кои имаат за цел натамошна суштинска редукција на долгот на грчката влада.
Малку сум разочаран, но морам да признам дека некои технички прашања се толку сложени што ќе биде потребно да се направат прецизни пресметки. Тоа ќе биде направено во наредните денови.

Меѓу евроминистрите постои согласност да и се дадат на Грција дополнителни две годни, значи до 2022 година за да го намали нејзиниот долг на 120 проценти од бруто домашниот производ.

Со тоа не се согласува Меѓународниот монетарен фонд што пак, ја одлага исплатата на следната транша од спасувачкиот пакет во износ од над 44,5 милијарди евра.

На Грција и се неопходни овие пари за да може да избегне банкрот. Сепак, Јункер изрази оптимизам дека е можен договор.

„Малку сум разочаран, но морам да признам дека некои технички прашања се толку сложени што ќе биде потребно да се направат прецизни пресметки. Тоа ќе биде направено во наредните денови“, изјави Јункер, додавајќи дека министрите се многу блиску до конкретен резултат.

Директорот на ММФ Кристин Лагард беше попретпазлива, оценувајќи:

„Ние само ги конкретизиравме позициите“.

Грција веќе две години е зависна од меѓународна помош и се наоѓа под строга контрола на таканаречената тројка; ММФ, Европската централна банка и Европската комисија.
грчкиот премиер Андонис Самарас

грчкиот премиер Андонис Самарас


Пред состанокот на евроминистрите за финансии во Брисел, грчкиот премиер Андонис Самарас изрази оптимизам, наведувајќи дека постоеле знаци оти атмосферата за Грција се подобрува.

„Грција го направи она што и беше побарано и тоа е признато од сите. Сега е време кредиторите да го сторат она што го ветија и верувам дека така и ќе биде.“

Грчките пратеници на 7 ноември одобрија нов пакет марки за штедење на околу 13,5 милијарди евра.

Тоа ќе треба да се постигне со поголеми даноци и со намалување на платите и социјалните давачки во земјата која веќе шест години се наоѓа во рецесија и која се соочува со стапка на навработеност од над 24 насто.
  • 16x9 Image

    Гоце Атанасов

    Со новинарство започна да се занимава за време на студиите по новинарство во Скопје. Работел во Млад борец, Нова Македонија, Македонската радио телевизија, А1 телевизијата и во Дојче Веле, а во Радио Слободна Европа е од започнувањето на емитувањето на македонски јазик.

XS
SM
MD
LG