Достапни линкови

logo-print

Клинтон ги продолжува напорите за мир во Газа


Американскиот државен секретар Хилари Клинтон и претседателот на палестинската власт Махмуд Абас

Американскиот државен секретар Хилари Клинтон и претседателот на палестинската власт Махмуд Абас

Американскиот државен секретар Хилари Клинтон ги продолжува напорите за постигнување договор за запирање на најновите непријателства во Газа. Таа денеска на Западниот Брег се сретна со претседателот на палестинската власт Махмуд Абас, а синоќа разговараше со израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху по што изјави дека би можело да биде потребно извесно време за да се дојде до прекин на огнот и евентулано до подолготрајно примирје. Израелски авиони во текот на изминатата ноќ извршиле најмалку 30 напади врз, како што е наведено, позиции на Хамас во Газа.
XS
SM
MD
LG