Достапни линкови

logo-print

Владата пак ќе прави проект за гасификација


Гасификација на Куманово.

Гасификација на Куманово.

Во предложениот буџет за догодина е предвидено трошење на 3,98 милиони евра народни парти за изработка на физибилити студија и проекти. Македонија веќе изработи слична студија пред неколку години, чија вредност се проценува на 2-3 милиони евра.

Дали владата догодина планира да потроши речиси 4 милиони евра за нешто што веќе е направено? Поконкретно станува збор за проектот за гасификација. Во предложениот буџет за догодина е предвидено трошење на 3,98 милиони евра народни парти за изработка на физибилити студија и проекти. Македонија веќе изработи слична студија пред неколку години, чија вредност се проценува на 2-3 милиони евра.
Дел од активностите на некој начин се поклопуваат со претходно реализирани активности особено во изработка на студија и идеен проект за гасоводниот систем во Македонија.“ Но студии може да се направат и за други аспекти.


Од приложеното не може да се донесе заклучок, смета професорот Константин Димитров.

„Мојата размисла е дека од неколку редови што се дадени, дел од активностите на некој начин се поклопуваат со претходно реализирани активности особено во изработка на студија и идеен проект за гасоводниот систем во Македонија.“
Буџет за гасификација.

Буџет за гасификација.


Но студии може да се направат и за други аспекти, додава Димитров.

„Оптималност на приклучок кон основниот снабувач со гас којшто го очекуваме, кракот на Јужниот поток, потоа иако веќе има изработено идеен проект за еден крак, има повеќе краци.“

Студијата која веќе ја имаме е готова, беше прифатена на влада и беше скапо платена, вели професорот Атанаско Тунески, член на опозицискиот СДСМ.
Можеби некој историски вреден документ да го платиме и 4 и 14 и 40 милиони евра, ама проект за гасификација на Македонија, којшто еднаш веќе е платен скапо, сега повторно да се плаќа уште 4 милиони, е ај да не речам криминал, ама скандал.

„Веројатно бидејќи таа студија е скапо платена треба да го вклучува и она што сега се предвидува да се направи, ако сега дополнително се даваат речиси 4 милиони евра за таа работа што веќе е направена, на некој начин еден ист документ се плаќа многукратно поскапо.“

Друго прашање е цената, вели Тунески.

„Јас не верувам дека постои документ во светот што чини 4 милиони евра, посебно не проект од технички калибар. Можеби некој историски вреден документ да го платиме и 4 и 14 и 40 милиони евра, ама проект за гасификација на Република Македонија, којшто еднаш веќе е платен скапо, сега повторно да се плаќа уште 4 милиони, е ај да не речам криминал, ама скандал.“

Инаку вреди да се спомене дека парите кои се планираат за гасификација според вредноста се засенети, не само од планираните трошоци за железницата, за каде ќе се трошат 13 милиони евра, туку и од давачките за камати за што ќе се трошат 66,17 милиони евра.

Покажи ги коментарите

XS
SM
MD
LG