Достапни линкови

Нимиц предложил нови идеи за решавање на спорот за името со Грција


Медијаторот на ОН во спорот за името меѓу Македонија и Грција Метју Нимиц, македонскиот преговарач во спорот Зоран Јолевски и грчкиот преговарач Адамантиос Василакис.

Медијаторот на ОН во спорот за името меѓу Македонија и Грција Метју Нимиц, македонскиот преговарач во спорот Зоран Јолевски и грчкиот преговарач Адамантиос Василакис.

Неколку нови идеи за постигнување конечно и взаемно прифатливо решение на спорот за името им предложил медијаторот Метју Нимиц на македонскиот и на грчкиот преговарач Зоран Јолевски и Адамантиос Василакис.
Двете страни ја изразија својата подготвеност да се надмине спорот, верувам дека тоа не е само реторика. Состојбата во регионот бара да се реши овој проблем. Посредниците ќе ги пренесат овие идеи до своите влади, да видат дали можат да бидат корисни за да одиме напред. Јас се понудив да дојдам, да ги посетам Атина и Скопје да ги изразам предлозите подетално.


По средбата во Њујорк, Нимиц изрази надеж дека двете земји ќе ги сфатат сериозно предлозите и можеби ќе ја искористат оваа шанса да се соочат со овој сложен проблем. Нимиц изјави дека лидерите на двете земји мора да препознаат дека ова е нивна одговорност и дека целиот свет ги гледа.

„Двете страни ја изразија својата подготвеност да се надмине спорот, верувам дека тоа не е само реторика. Состојбата во регионот бара да се реши овој проблем. Посредниците ќе ги пренесат овие идеи до своите влади, да видат дали можат да бидат корисни за да одиме напред. Јас се понудив да дојдам, да ги посетам Атина и Скопје да ги изразам предлозите подетално“, изјави Нимиц.

Тој на прес конференцијата не даде повеќе детали за предлозите кои им ги доставил на преговарачите.

Преговарачот Зоран Јолевски изјави дека Македонија останува посветена на процесот за изнаоѓање на взаемно прифатливо решение кое ќе го заштити идентитетот и достоинството на македонскиот народ и ќе биде согласно меѓународното право и меѓународните договори.

Василакис изјави дека Грција ќе продолжи да прави се што може за да се најде конечно решение на спорот за името, што ќе биде од полза за двете земји.
XS
SM
MD
LG