Достапни линкови

ЕУ ја одложи одлуката за следната транша од помошта за Грција


Европската унија ја одложи одлуката за тоа дали да и се даде на Грција следната рата од пакетот за спас. По дванаесетчасовните разговори во Брисел, министрите за финансии на ЕУ не успеаја да постигнат договор. Тие најавија дека ќе се сретнат повторно следниот понеделник. Остануваат разликите за тоа како долгот на Грција да се направи повеќе податлив. Министрите од земјите членки на еврозоната ја поддржуваат идејата на Грција да и се дадат дополнителни две години за да го ревидира својот долг. Но Меѓународниот монетарен фонд кој е еден од доверителите за спас на Грција се противи на таквото продолжување. Следната помош на Грција изнесува околу 57 милиони долари. На Атина и се потребни пари за да се избегне банкрот.
XS
SM
MD
LG