Достапни линкови

Англиканската црква е против жени да бидат свештеници


Англиканската црква го блокираше потегот со кој ќе требаше да им се овозможи на жените да бидат свештеници. На вчерашното гласање во Синодот немаше двотретинско мнозинство потребно за воведување на мерката. Сега има англикански жени свештеници во Австралија, Нов Зеланд, Канада и во САД, но Англиканската црква, мајката црква на 80 милиони верници е поделена по ова прашање. Повеќе од 10 години се одвива дебата меѓу реформаторите и конзервативците за тоа дали треба да се дозволи да има жени свештеници во црквата.
XS
SM
MD
LG