Достапни линкови

Хамас прогласува примирје, Израел не се согласува


Нараб ал Араби во посета на Газа
Нараб ал Араби во посета на Газа

Хамас соопшти дека е постигнат договор за прекин на огнот во Појасот Газа, но се уште нема официјална потврда од Израел. Бан Ки Мин ги осуди ракетните напади на Хамас и побара од Израел да покаже максимална воздржанот.

Портпаролот на Хамас, Ајман Таха денеска изјави дека e постигнат договор за прекин на огнот во Појасот Газа. За ова тврдење се уште нема официјална потврда од Израел. Портпаролот на израелската влада соопшти дека „договор се уште не е постигнат“.

Според Таха, примирјето ќе стапи на сила вечерва на полноќ по локално време, а неговото официјално соопштување од претставниците во преговорите ќе биде веднаш штом американскиот државен секретар Хилари Клинтин пристигне во Ерусалим. Според израелски извори на кои се повикуваат западните медиуми Израел бара 24 часовен прекин како доказ за политичка волја на Хамас за изнаоѓање долгорочно мировно решение.
Доколку може да се пронајде долгорочно решение преку дипломатски мерки, Израел има волја да биде партнер за такво решение.
Бенјамин Нетанјаху, премиер на Израел.

Египетскиот претседател Мохамед Морси изјави дека е убеден оти неговите напори за постигнување примирје меѓу Палестинците и Израелците до вечер ќе произведе позитивни резултати.
Портпаролот на Хамас Ајман Таха.
Портпаролот на Хамас Ајман Таха.

Во Ерусалим израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху изјави дека неговата земја е подготвена да биде „партнер за долгорочно решение за кризата во Газа.“ Но тој предупреди дека Израел „ќе преземе се што е неопходно“ доколку не се најде дипломатско решение.

„Доколку може да се пронајде долгорочно решение преку дипломатски мерки, Израел има волја да биде партнер за такво решение. Но доколку се докаже дека силна воена акција е неопходна за да се сопрат ракетните проектили, тогаш Израел нема да да се воздржи да ги преземе неопходните мерки за да го одбрани својот народ.“

Додека израелските ракети се можеби наменети кон воени цели во Газа, тие убиваат цивили и оштетуваат домови и инфраструктура. Прекумерната употреба на сила е незаконска и мора да престане
Бан Ки Мун, Генералeн секретар на ОН.
Ова Нетанјаху го изјави денеска по средбата со генералниот секретар на ОН Бан Ки Мун. Шефот на ОН пристигна во регинот во знак на поддршка на егиетските напори за изнаоѓање на мировно решение на седумдневниот конфликт во Газа.
Бан Ки Мин ги осуди ракетните напади на Хамас и побара од Израел да покаже максимална воздржанот.

„ Додека израелските ракети се можеби наменети кон воени цели во Газа, тие убиваат цивили и оштетуваат домови и инфраструктура. Загубата на цивилните животи е неприфатлива под никакви околности. Прекумерната употреба на сила е незаконска и мора да престане.“

Американскиот државен секретар Хилари Клинтон се очекува вечерва да пристигне во Израел во обид да влијае во изнаоѓањето на мировно решение. Во меѓувреме шефот на Арапската лига Набил ал Араби пристигна во Газа во знак на солидарност со Хамас.

Во текот на седумдневниот конфликт загинаа над 100 Палестинци и тројца Израелци.
  • 16x9 Image

    Зорана Гаџовска Спасовска

    Новинарската кариера ја започна во А1 телевизија. Работела на теми од образование, социјални проблеми, здравство и екологија. Родена е на 23.09.1983 година во Скопје. Од јуни 2009-та година работи како постојан дописник за Радио Слободна Европа од Скопје.

XS
SM
MD
LG