Достапни линкови

Лимај ќе се врати во судница


Косовскиот врховен суд денеска нареди повторно да се отвори судски процес против поранешниот министер и поранешен командант на албанската ослободителна армија во Косово Фатмир Лимај. Тој во мај беше ослободен од обвинението за кривична одговорност за воени злосторства против Србите спроведени во 1998 и 1999 година. ЕУЛЕКС во Косово соопшти дека оваа одлука за повторно стартување на судски процес по поднесената жалба на обвинителите.
Лимај е близок соработник на премиерот Хашим Тачи.
Минатата недела обвинителите од ЕУЛЕКС поднесоа обвиниение против Лимај и 6 други негови соработници за корупција, односно за проневера на 2 милиони евра.
XS
SM
MD
LG