Достапни линкови

logo-print

Хамас:Постигнат е договор со Изреал


Портпаролот на Хамас Ајман Таха денеска изјави дека е постигнат договор за прекин на огнот во Појасот Газа. За ова тврдење се уште нема официјална потврда од Израел. Според Таха, примирјето ќе стапи на сила вечерва на полноќ по локално време. Египетскиот претседател Мохамед Морси изјави дека е убеден оти неговите напори за постигнување примирје меѓу Палестинците и Израелците ќе произведе позитивни резултати.
Во Ерусалим израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху изјави дека неговата земја е подготвена да биде „партнер за долгорочно решение за кризата во Газа.“ Но тој предупреди дека Израел „ќе преземе се што е неоходно“ доколку не се најде дипломатско решение.
Над 100 Палестинци и тројца Израелци загинаа во текот на изминатава недела.
XS
SM
MD
LG