Достапни линкови

Израел со летки ги повика Палестинците на евакуација


Изралеските авиони денеска над Газа фрлале летки со кои ги повикале Палестинците на евакуација, јавува новинската агенција Франс прес.
„Заради ваша лична безбедност, бараме од вас веднаш да се евакуирате, да ги напуштите своите домови и да се упатите кон центарот на градот“ пишувало на летките на арапски јазик. Во нив не биле наведени причините за евакуацијата но се гарантирала безбедност за сите кои ќе ги напуштеле домовите. Овој инцидент следува во период кога Израел привремено се откажа од копнената воена акција кон Газа.
XS
SM
MD
LG