Достапни линкови

Авганистан ги продолжува разговорите со Пакистан


Авганистанскиот претседател Хамид Карзаи и пакистанскиот воен шеф генералот Ашфаг Первез Кајани денеска се сретнаа во Кабул каде разговараа за мировниот процес. Денешниот состаник следува по минатонеделното ослободување на авганистански Талибанци од затворите во Пакистан. Во соопштениеот од претседателскиот кабинет е наведено дека разговорите биле суштински и со цел зголемување на соработката. И двете страни се согласиле да ги продолжат разговорите и да ги преземат неопходните мерки за прогрес на авганистанскиот мировен процес.
XS
SM
MD
LG